Кинг: „Ноле, кога ќе се пензионираш – кандидирај се за претседател“

Легендарниот Били Џин Кинг му честиташе на Новак Ѓоковиќ за новиот рекорд.

Ѓоковиќ во понеделникот стана тенисер со најмногу победи на Грен слем турнирите.

Србинот забележа

370 победи на Австралија опен, Ролан Гарос, Вимблдон и УС Опен, кои ги освои вкупно 24 пати.

Тој надмина уште еден рекорд на Роџер Федерер за кој многумина веруваа дека е недостижен.

„Честитки до Новак Ѓоковиќ за 370-те победи на Грен слем турнирите. Ви останува уште многу тенис да играте, само продолжете. А кога ќе одлучите да се пензионирате, треба да се кандидирате за претседател на Србија “, напиша таа на Били Џин Кинг на социјалната мрежа „Х“.