КИНЕЗИТЕ ВЕЌЕ ИЗВРШИЈА ТАЈНА МИСИЈА НА БЛИСКИОТ ИСТОК – Експертите откриваат: “Многу јасно е на чија страна се!“

„Постои опасност од избувнување на копнен конфликт на поголем простор и ширење на вооружени судири долж границите кон соседните земји“ – вака во понеделник кинеските државни медиуми ја објавија изјавата на Жаи Јун, вели за DW, Александар Герлах. 

Тој исто така посочува дека Кина е подготвена да „направи се“ за да започне дијалог, да се постигне примирје и да се врати мирот. Покрај тоа, тој нагласи дека Кина го поддржува решението со две држави и трајно решение на конфликтот.

Но, тоа се изјави што можеше да ги даде и секој друг дипломат. Имено, засега од Пекинг пристигнува само нејасна реторика за Израел и ХамасКина можеби се претставува како неутрална, но има многу јасен став дека ја поддржува терористичката организација. Официјалните изјави од Кина не го осудија грозоморниот напад на 7. октомври. Немаше ниту збор за жалење за смртта на илјадници луѓе. Наместо да ги осуди страшните злосторства, диктатурата во Пекинг побара двете страни, накратко, да се воздржат. Со тоа се прикрива кој е сторител на делото, а кој жртва.

Не се познати деталите од посетата на специјалниот пратеник на Блискиот Исток, Џаи Џун, на регионот, ниту што тој би можел да донесе од Кина со оглед на оваа погрешна основна позиција ? Досега комунистичката структура тврдоглаво продолжува да бара имплементација на Договорот од Осло, кој подразбира решение за две држави. За жал, стимулации во оваа насока со години нема. Наместо да понудат нешто свежо, владетелите во Пекинг го повторуваат истото. Со право беа критикувани за нивниот ладен, бирократски јазик со кој реагираа на нападите.

Во исто време, претседателот на КинаСи Џинпинг, сака да се позиционира на Блискиот Исток како неутрален актер кој може да стави крај на конфликтот. Сепак, сето тоа е само претстава. Поради идеолошката блискост на Јасер Арафат, основачот на Палестинската ослободителна организација, и Мао Це Тунг, основачот на Комунистичката Народна Република Кина отсекогаш биле поблиска со Палестинците отколку со Израел. Сепак, Пекинг конечно ја призна државата Израел во 1992 година и оттогаш се доближува до таа земја, пред се затоа што Комунистичката партија е заинтересирана за технологии од Израел.

Во последниве години, кинескиот претседател јасно покажа каков светски поредок гради. Тој на тој начин сака да стекне поголемо влијание на Блискиот Исток за да може да профитира од суровините во тој регион. Иран и Саудиска Арабија на почетокот на годината повторно малку се зближија со кинеско посредство.

Овде не се работи само за борбата против омразените САД, кои се и најголемиот непријател за Техеран. Многу повеќе, Пекинг сака да создаде сојузи кои активно ја торпедираат протекционистичката улога на САД над земјите кои се плашат од агресивната воена моќ на Си Џинпинг. Министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји и министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, не за џабе на состанокот во Пекинг ги претставија САД како вистинска причина за конфликтот на Блискиот Исток.

Мисијата на Жаи Џун можеби имаше за цел да постигне договор со недемократските држави во регионот за стратегија насочена кон слабеење на САД. За да се случи ова, конфликтот всушност треба да се разгори, а не да се разлади. Затоа што Американците ќе треба да интервенираат само ако Владата во Техеран продолжи да ги снабдува со оружје либанските Хезболах и Хамас, а Израел исто така биде бомбардиран од Либан.

Поддршката за екстремните муслимани може да се гледа само како тажна иронија на историјата. Затоа што Пекинг ги прогонува муслиманските Ујгури во Ксинџијанг и спроведува културен геноцид врз нив. Фактот дека десетици етнички малцинства во империјата на Си Џинпинг се сè повеќе маргинализирани може порано или подоцна да доведе до држава на апартхејдот – обвинување што некои му го припишуваат на Израел, пишува DW.