Кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу од Русија предупреди на „играње со оган“ кога станува збор за Тајван
Кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу на безбедносната конференција во Русија предупреди на „играње со оган“ кога станува збор за Тајван, во прикриенa критика кон САД, објави Си-Ен-Ен.
Говорејќи на Московската конференција за меѓународна безбедност, Ли рече дека обидите „да се искористи Тајван за контрола на Кина сигурно ќе завршат со неуспех“. Изјавите на Ли беа само продолжение на претходните слични коментари на кинеските официјални лица, но местото на неговиот говор беше значајно и симболично со оглед на инвазијата на Москва на Украина, посочува Си-Ен-Ен.
Кинеската владејачка Комунистичка партија тврди дека Тајван е самоуправна демократија и најави дека ќе ја преземе контролата над островот, доколку е потребно и со сила. Кина постојано ги критикуваше интеракциите на САД со Тајван, со кој Вашингтон нема официјални дипломатски врски, вклучително и продажбата на оружје од САД.