Кинескиот претседател Си Џинпинг ги пречека бројните лидери кои учествуваат на Самитот „Појас и пат“ во Пекинг. На врвот на листата на гости е рускиот претседател Владимир Путин, кој утринава пристигна во Пекинг и за кого ова е прво големо патување во странство по избувнувањето на конфликтот со Украина, пренесува Ројтерс.
Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во кинеската престолнина со српска делегација, како и многу други лидери, меѓу кои унгарскиот премиер Виктор Орбан, египетскиот премиер Мостафа Мадбули, премиерот на Етиопија Аби Ахмед, претседателот на Шри Ланка Ранил Викремесинге, претседателот на Лаос Тонглун Сисулит и други. Кина и Етиопија потпишаа заедничка изјава за воспоставување билатерална стратегија наречена „Во сите временски услови“, објави кинеската државна новинска агенција Ксинхуа.
Претседателот на Казахстан Касим-Жомар Токаев изјави дека здравите, стабилни и динамични односи меѓу Кина и Казахстан се погодни за развој на двете земји.
На средбата со претседателот на Чиле, Габриел Бориќ, кинескиот претседател истакна дека односите со Чиле отсекогаш биле на чело на односите на Кина со земјите од Латинска Америка и Карибите. Британската агенција наведува дека на средбата треба да учествуваат и талибанците, со што би се истакнало продлабочувањето на односите што оваа авганистанска организација ги има со Кина и покрај отсуството на формално признавање од која било светска влада, пренесува Танјуг.