– Кинескиот претседател Си Џинпинг наскоро може да ја посети Русија, јави денеска Вол Стрит Џурнал.
Пекинг најави дека сака да игра поактивна улога во ставањето крај на конфликтот во Украина, а извори запознаени со плановите за патување на кинескиот претседател рекоа дека кинескиот Си планира да се заложи за мултилатерални мировни преговори за време на неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин, пренесе Бета.
Весникот пишува дека Си ќе ги повтори своите повици да не се користи нуклеарно оружје, но и дека планираната посета е во рана фаза и не се одредени датуми. Можно е патувањето да се реализира во април или мај.
Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг претходно денеска изјави дека неговата земја сака да игра улога во ставањето крај на конфликтот во Украина.
Чин пред учесниците на безбедносната конференција во Пекинг рече дека Кина е загрижена дека едногодишната војна може дополнително да ескалира и „да излезе од контрола“.
Кина никогаш не ја поддржа или јавно ја критикуваше руската офанзива и постојано ја изразуваше својата поддршка за Москва во врска со западните санкции.