„На покана на претседателот Владимир Путин на Руската Федерација, претседателот Си Ѓинпинг ќе престојува во државна посета на Русија од 20 до 22 март“, соопшти портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг
Кинескиот претседател Си Ѓинпинг следната недела ќе престојува во државна посета на Русија, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи.
„На покана на претседателот Владимир Путин на Руската Федерација, претседателот Си Ѓинпинг ќе престојува во државна посета на Русија од 20 до 22 март“, напиша Хуа Чунјинг на Твитер.
Таа, исто така, изјави и дека ова ќе биде патување за пријателство и мир.
„Врз основа на несојуз, без конфронтација и без таргетирање на која било трета страна, Кина и Русија промовираат поголема демократија во меѓународните односи“, додаде таа.
Од друга страна, во соопштението на Кремљ се вели: „За време на разговорите ќе се зборува за актуелни прашања за понатамошен развој на сеопфатните партнерски односи и стратегиската соработка меѓу Русија и Кина.“
„Двајцата лидери ќе дискутираат и за проширување на руско-кинеската соработка на меѓународната сцена. Голем број важни билатерални документи се подготвуваат за потпишување на маргините на средбата“, соопштија од Кремљ.
TRT Balkan