Посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Србија е главна вест во денешните изданија на кинеските медиуми.
Денеска насловните страници на кинеските медиуми се исполнети со наслови и фотографии од посетата на Си Џинпинг на Србија и неговата средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, пишува Ало.
„Вучиќ и Кси го поздравија растечкото пријателство од челик“, истакнува кинескиот весник „Глобал тајмс“, заедно со фотографија од српскиот народ кој вчера се собра пред Палатата Србија за да го поздрави кинескиот претседател, пишува белградскиот весник.
Саут Чајна Морнинг Пост и Чајна Дејли го истакнуваат „новото поглавје“ во односите меѓу Србија и Кина.