Киргистан ќе биде домаќин на вежби на мировните сили од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) предводена од Русија.
Воената вежба требаше минатиот месец да се одржи во Ерменија, но Ереван одби. Ерменија, која е во конфликт со Азербејџан за Нагорно-Карабах, минатиот месец објави дека не би било паметно да биде домаќин на вежби на ОДКБ на нејзина територија во блиска иднина.
Началникот на Здружениот штаб на ОДКС, Анатолиј Сидоров истакна дека Киргистан самиот понудил биде домаќин на воената вежба „Неуништливо братство“, без да прецизира детали.
Сидоров, одговарајќи на прашање дали е можно ОДКБ да распореди свои војници во Украина, истакна дека не гледа таква потреба
Киргистан минатата година требаше да биде домаќин на слична вежба на Организацијата, но ја откажа поради граничен конфликт со друга членка на ОДКБ, Таџикистан. Блокот ги вклучува и Белорусија и Казахстан.