Китовите убијци цел час ја напаѓаа јахтата: „Бевме целосно немоќни, можевме само да ги гледаме“ (Видео)
Дополнителен проблем беа силниот ветер и високите бранови, поради кои пловилото полека се движеше.
Тоа беше застрашувачко искуство, изјавија за Дејли Мејл сопружниците кои беа на бродот што еден час подоцна беше нападнат од орки. Џенет Морис и Стивен Бидвел од Кембриџ уживале на патување со едрење покрај брегот на Мароко кога забележале јато од китови убијци. Некои од смртоносните цицачи потоа почнале да го удираат бродот – напад за кој Џенет и Стивен тврдат дека траел еден час.
Отпрвин биле воодушевени и импресионирани од големите животни, но орките не дошле да се покажат, туку сакале да ја потонат едрилицата (на која биле како дел од курсот за едрење), па ништо не им било убаво. Шест китови се свртеле кон едрилицата од само ним познати причини. Луѓето кои биле на бродот со оваа двојка се труделе да не паничат како нив, но не им било лесно. Не само што биле нападнати од јато гневни орки, туку проблем биле и силниот ветер и големите бранови.
– Не можев да поверувам кога ги видов. Свесен сум дека тоа се случува многу ретко. Но, ние бевме целосно немоќни во тој момент – им рекла Џенет на новинарите.
На крајот успеале да се изборат со ветрот и брановите и да се вратат на пристаништето, а по еден час орките се откажале и тргнале по својот пат.