Директорката на Онкологија во Скопје, Виолета Клисарова изјави дека двајца од тројцата вработени на Клиниката за онкологија денеска се уапсени во просториите на Клиниката.
Клисарова увери дека работата на Клиниката продолжува нормално и дека пациентите редовно ја примаат терапијата.
„Сите амбулантни возила работат, работиме со полн капацитет во клиниката и за ова се молам да нема паника, никој од пациентите да не се врати, сите да ја добијат предвидената и планираната терапија“, нагласи Клисарова.
Претходно реагираше и Министерството за здравство, кое потенцираше дека на Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија се работи нормално и во моментов се вршат редовни прегледи, како и континуирана терапија и третмани на пациентите.