Клое Кардашијан инјектирала сперма од лосос во лицето

Американската ѕвезда Клое Кардашијан ги наведе естетските процедури на кои досега се подложила. Откако докторот Џонатан Бетериџ почна да шпекулира за тоа какви операции направила, таа проговори и разјасни сè.

Некои од процедурите за кои тој верува дека таа ги направила се: подигнување на веѓи, горна блефаропластика, операција на нос, зголемување на усните, подигнување на лице и врат, имплант на брадата итн.

„Ова е огромен комплимент за мене! Фотографиите се направени со разлика од 15 години, но еве листа на работи што сум ги направила. Во минатото бев многу отворена за тоа“, започна таа.

Таа понатаму изјави дека се подложила на операција на нос, ласерски третман за влакна и сè друго, ботокс и скулптра инјекција каде што ѝ бил отстранет тумор на образот, мек бранов ласер за затегнување на кожата и инјекција со филери.

Сепак, таа додаде дека не инјектирала филери неколку години бидејќи слушнала дека тие всушност никогаш не се топат. Таа исто така изјави дека ослабела речиси 40 килограми, дека инјектирала колаген под брадата и во вратот и дека инјектирала сперма од лосос во лицето, за која се верува дека ја подмладува или стимулира регенерацијата на кожата.