Клои Кардашијан откри за кого би го напуштила светот на славните: Тој е толку убав

Ријалити ѕвездата Клои Кардашијан откри за време на последната епизода од шестата сезона на реалното шоу „The Kardashians“ кое познато име би можело да ја убеди да се откаже од славата.

Кардашијан и се доверила и открила дека станува збор за познатиот фризер Крис Еплтон, кој е познат по соработката со нејзината сестра Ким, како и актерките Џенифер Лопез и Кришел Стаузе, пишува списанието Page Six.

„Тој е толку убав!“, „Кој не би го посакал?“, „Има навистина добра енергија“, „Не знам дали би му се допаднала, но дефинитивно би го сакала“, рекла реалити ѕвездата.

Нејзината потресна изјава дојде при крајот на епизодата, откако таа и Еплтон на шега коментираа за апликациите за запознавање за време на забавата на 44-от роденден на Ким.

„Треба да ги споиме сите апликации за запознавање во една и да ја наречеме „Што остана“, затоа што да бидеме реални – се заебавме“, се пошегува Еплтон, додавајќи дека тој и Клои ќе бидат заедно.

Крис Еплтон (Фото: X)

“Тоа не е толку лошо. Мене ми одговара бидејќи само ми треба некој да ми прави друштво, а потоа оди каде што треба, а јас ќе бидам дома”, продолжила ријалити ѕвездата и признала дека немала секс со години.

Инаку, ѕвездата на шоуто „Keeping Up With the Kardashians“ е сингл од 2021 година, откако ја прекина турбулентната врска со Тристан Томпсон. Кардашијан има две деца со НБА играч, а има намера да остане „целибат“ додека не го најде вистинскиот маж.