“КЛУБОТ НА МОЈОТ ЖИВОТ!“ – Во Мадрид конечно решено големото прашање – ‘Кралскиот клуб’ доби нов капитен!

Шпанскиот репрезентативец Начо Фернандез (33 г.), кој следната сезона ќе биде капитен на Реал Мадрид, во интервју за TVE изјави дека го продолжил договорот со клубот за дополнителна сезона.

Со нетрпение очекувам да одиграм уште една сезона во Реал Мадрид и да бидам прв капитен. Некогаш често бев капитен, но сега сум среќен како кога прв пат влегов во првиот тим. Реал Мадрид е клубот на мојот живот“, изјавил Начо Фернандез, кој целата своја кариера ја мина на „Сантијаго Бернабеу“.

Стоперот минатата сезона забележа 44 настапи на различни позиции и со нетрпение очекува да продолжи да игра во белиот дрес на „Кралскиот клуб“.

Договорот ми истече, но решив да продолжам да работам рака под рака со клубот. Секогаш има, се разбира, понуди однадвор, но останувам уште една година, па затоа сум задоволен“, вели тој.

Начо Фернандез од летото 2012 година настапува во Реал Мадрид.