Клубот повторно се огласи! Се знае во каква состојба е холандскиот голман чија повреда ја шокира планетата!

Целиот фудбалски свет застана за момент кога голманот на РКЦ, Етјен Васен се судри со напаѓачот на Ајакс, Брајан Броби.

Натпреварот беше прекинат, Васен заврши во болница и со брза интервенција на лекарот неговата состојба стана стабилна.

Челниците на РКЦ веднаш по натпреварот се огласија, а сега излегоа со уште едно соопштение во кое истакнаа дека нивниот голман имал мирна и добра ноќ.

– По синоќешното соопштение, денеска можеме да известиме дека нашиот голман Етјен Весен имаше добра ноќ и продолжи да се опоравува. За Етјен засега е важно да може мирно да се опорави во наредните часови и денови. Затоа, би сакале да ве замолиме да му дадете време и одмор на него и на неговото семејство за ова. Во име на сите во РКЦ Валвајк, му посакуваме многу сила на Етјен и на сите луѓе околу него. Се надеваме дека наскоро повторно ќе го видиме во клубот – се вели во соопштението на холандскиот клуб.

Така, Етјен Васен имаше среќа и се надеваме дека наскоро ќе го видоме на голот на холандскиот прволигаш.