Тимот на Унион Берлин синоќа на гостински терен го совлада Лајпциг со 2:1 во 20. коло од Германскиот фудбалски шампионат.
Берлинчани освоија пет последователни победи во Бундеслигата за прв пат во својата историја.
Во претходните четири кола Унион Берлиб ги победи Мајнц (2:1), Херта (2:0), Вердер (2:1) и Хофенхајм (3:1).
По 20 кола во Бундеслигата, Унион Берлин е на 2.место со 42 бода, еден помалку од лидерот Баерн Минхен.