Луксузниот брод, за кој се веруваше дека не може да потоне, тргна преку Северниот Атлантик во април, само за да удри во санта мраз и да заврши на дното на океанот. Но, тоа не беше Титаник, тоа беше Титан.
Титаник беше еден од највеличествените бродови што некогаш биле изградени. Сите слушнале за него, а филмот за потонувањето на овој брод не добил никаква престижна награда. Луксузниот брод, за кој се веруваше дека не може да потоне, тргна преку Северниот Атлантик во април, само за да удри во санта мраз и да заврши на дното на океанот. Но, тоа не беше Титаник, тоа беше Титан.
Измислениот брод Титан потона на страниците на книгата „Залудноста“ на Морган Робертсон од 1898 година, подоцна наречена „Потонатиот Титан“.
„Овој брод беше најголемиот на површината на океанот…“, со овие зборови започнува книгата, опишувајќи го Титанот кој неодоливо наликува на Титаник, барем според книгата.
Покрај сличните имиња, тие се приближно со иста големина, Титаник е нешто побрз и подолг. Ист број пропелери (три), како и сличен број чамци за спасување (Титан 24, Титаник 20).
Кога беа откриени овие сличности, творецот на Титан беше поздравен како гледач. Меѓутоа, поранешниот морнар брзо го отфрлил паранормалното потекло на неговата приказна, тврдејќи дека книгата е создадена од неговото знаење и искуства кои ги стекнал за време на различни патувања, пренесува Дејли Мејл.
Тој секако ги знаел сите овие работи, неговиот татко бил капетан на брод, а тој е роден во Освего на езерото Онтарио, изјави Џорџ Демас, историчар од градот Освего.
Како млад, Робертсон го следел својот татко насекаде и се заљубил во морето уште од рана возраст, а подоцна и самиот станал морнар.
Исфрустриран од неточностите во приказните и романите за бродовите и морепловството, тој решил да стане писател и да го пренесе своето знаење преку интересни приказни.
„Залудноста“ е измислено дело за „пловечки град“, како што Робертсон го опиша Титан во својата книга.
И покрај толку многу сличности, сепак, постојат бројни разлики помеѓу Титаник и Титан, како што е пијан офицер кој се бори со поларна мечка на санта мраз, што постои во книгата, но не е присутно во приказната за Титаник.
Не само оваа книга на Робертсон е поврзана со познатиот брод. Британскиот новинар Ти. Во сосема бизарен пресврт, на крајот новинарот заврши на Титаник и исчезна во ледените води на океанот по несреќата.
„Залудноста“ не беше отпечатена во моментот на потонувањето на Титаник, но потоа одеднаш оваа книга воскресна за профит, а Робертсон успеа да види само мала сума пари од неа. И покрај богатата кариера, со повеќе од 200 раскази и 14 книги, тој заврши во сиромаштија и умре во 1915 година.