Коалиција Вреди: За да се врати довербата во судството, потребна ни е чиста политика и ветинг

Со 20 години власт на ДУИ, кредибилитетот е уништен до судството и обвинителството. 

Уште од монтираните случаи, каде што како што призна и самиот Бујар Османи, ДУИ е вклучена, до вчерашниот извештај на Freedom House, што покажа дека Северна Македонија под владата на ДУИ е зафатена од корупција. ДУИ, преку Бујар Османи како посредник, многу се трудеше да овозможи враќање на Груевски во Северна Македонија, и е одговорна за помилувањето на Сашо Мијалков. Резултатот од владеењето на ДУИ е казнувањето на невините Албанци како во случајот „Монструм“ и ослободување на виновните Македонци како Мијалков.
За да се врати довербата во судството, потребна ни е чиста политика и ветинг. Но листите  на ДУИ полни се со луѓе од црни листи, со луѓе од скандали. Дури и нивниот кандидат Бујар Османи беше под истрага за корупција со досието „Пациент“.
ВЛЕН има целосно чисти листи, а нашиот кандидат др. Таравари е некорумпиран. Затоа ВЛЕН од почеток може да ги направи  ветингот, и ќе ја врати довербата во судството и обвинителството.