Едно лице загина, а 19 лица се повредени во пукање на голема забава во американската држава Индијана, соопштија денеска локалните власти.
Некои од повредените се во критична состојба, пренесува АП.
Пукањето се случило нешто по полноќ во Манси, округот Делавер.
„Поради бројот на жртвите и природата на инцидентот, повеќе агенции беа повикани да помогнат“, рече заменик началникот на полицијата во Манси Мелиса Крисвел.
Засега никој не е уапсен, а причината за пукањето не е објавена.