Ковачевски: Бугарија нема да поставува нови услови за интеграција на Македонија во ЕУ

Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на денешната заедничка конференција со специјалниот пратеник на САД, Габриел Ескобар, порача дека не може повторно да се преговара за преговарачката рамка со Бугарија, пишува Телеграф Македонија.

Ковачевски рече дека рамката има свои услови и дека нема да има нови преговори. Со оваа преговарачка рамка што Македонија ја одобри во Собранието, се штити македонскиот идентитет и се обезбедува европската иднина на земјата.

Билатералните односи со Бугарија нема да влијаат на преговорите со ЕУ и дека во иднина нема да има нови услови“, рече Ковачевски.

Премиерот рече дека ЕУ е единствената алтернатива за иднината на државата и додаде дека секој друг пат е неизвесен и дека во иднина никој не може да гарантира кога ќе можеме да станеме членки на ЕУ.