Ковачевски: “Велигден е време на обнова, надежи и нови почетоци кои носат прогрес и развој“

Премиерот Димитар Ковачевски упати честитка до православните верници по повод најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, посакувајќи им здравје, спокој и мир.

Во честитката објавена на неговиот Фејсбук профил, Ковачевски посочува дека Велигден е време на обнова и надежи и нови почетоци кои носат прогрес и развој.

Велигден е време на обнова и надеж. Време на промени и нови почетоци кои носат прогрес и развој. Време кога заедништво и грижата еден за друг ни дава сила да се справиме со сите предизвици кои стојат пред нас и да работиме заедно за да изградиме посветла и подобра иднина за сите. Во овие Велигденски празнични денови вам и на вашите семејства ви посакувам многу здравје, спокој и мир. Нека ни е честит Велигден! Да сте живи и здрави!“, вели во честитката Ковачевски.