Премиерот Димитар Ковачевски при пристигнувањето на дводневниот самит на НАТО во Вилнус истакна дека на истиот состанок ќе се донесат важни заклучоци за акции во вода, земја и воздух. Тој ја истакна важноста на дискусиите што ќе се одржат денеска на тема сајбер одбрана.
„Понатаму, во однос на финансирањето на сите овие одбранбени потреби, тоа значи дека 2% од БДП ќе бидат минимум за финансирање на одбраната, од кои 20% ќе бидат за модернизација. Северна Македонија е земја која веќе инвестира 30 отсто од својот буџет во модернизација“, рече Ковачевски.
Тој додаде дека позицијата на Северна Македонија во однос на Украина е веќе јасна и како 30-та земја членка на НАТО ја поддржува идејата за отворена врата за Киев.
Инаку, до овој момент најважна е одлуката што беше донесена вчера, за членство на Шведска во Алијансата.