Ми претставува големо задоволство што сум денеска во работна посета на Австрија, земја со која одржуваме пријателски односи, имаме одличен политички дијалог и развиена економска соработка. Австрија е најголемиот странски инвеститор во Северна Македонија.
Со канцеларот Карл Нехамер, денеска разговаравме и за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ. Пред нас се следни чекори кои ќе ја одредат натамошната насока и брзина на движење на тој пат. На тој пат чекориме заедно и соработуваме со земјите членки на ЕУ, а меѓу нив, во првите редови е и Австрија.