Ковачевски: Да се пријават какви било сомневања за интегритетот на вклучените во изградбата на коридорите 8 и 10д

Компанијата ИРД која е избрана за надзор на изградбата на автопатските делници на коридорите 8 и 10д заедно со изведувачот, американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, имаат обврска навреме и квалитетно да го завршат проектот, а какви било сомневања околу интегритетот на вклучените поединци или фирми во тој проект треба да биде пријавен, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски. 

-Доколку има какви било сомневања или информации во однос на интегритетот на вработени, подизведувачи, субконтрактори, во овој најголем инфраструктурен  проект секој може тоа да го пријави согласно со нашите закони, рече Ковачевски на новинарско прашање „како може за надзор да се избере фирма на која еден од сопственците е обвинет за корупција“.  

Ковачевски потенцираше дека изградбата на автопатите на Коридор 8 и Коридор 10д ќе биде најголем инвстициски проект во државава од нејзината независност.

Договорот, како што рече, е со суверена гаранција, односно со одлука на Парламентот кој донесе Закон за стратешко партнерство во однос на изведувачот „Бехтел и Енка“, како и дека беше избран надзор во повторена постапка.

-Доколку има какви било сомневања или информации во однос на интегритетот на вработени, подизведувачи, субконтрактори, во овој најголем инфраструктурен  проект секој може тоа да го пријави со

– Владата не врши евалуација, ниту прибирање на документи  по однос на компании, тоа го прави стручна комисија. Компанијата за надзор ќе работи заедно со американски Бехтел и доколку има лица или подизведувачи за кои постои сомнение за нивниот интегритет од страна на кого било во државата тоа може да го пријави во Обвинителството, но обврска на компанијата која го има добиено тендерот за надзор на сите делници  без разлика кој е во нивниот конзорциум  е тоа да го направат навреме и со квалитетот којшто е договорен, заеднички во соработка со американски Бехтел, рече Ковачевски.

На 2 февруари во Владата беше потпишан потпишан договор со италијанската ИРД инжинеринг за надзор и правен трансакциски советник  за четирите автопатски делници во должина од над 120 километри на коридорот 8 и 10д што ќе ги гради  „Бехтел и Енка“.

Со потпишувањето на договорот стартуваа преговорите на надзорот во име на Управувачкиот комитет на Владата со „Бехтел и Енка“ за натамошниот тек на проектот, што според најавите треба да стартува годнава. Следна фаза треба да биде потпишување договор за изведба на работи на автопатските делници на Коридорот 8:Требеништа – Струга – Ќафасан (22,5 километри) Гостивар – Букојчани (30,1  километар), Тетово – Гостивар ( 27  километри)  и на делницата Прилеп – Битола (43,4 километри) од Коридорот 10- д.

ИРД  инжинеринг во државава  е присутна со услуги над 20 години,  а директорот Паоло Орсини на потпишувањето на договорот вети дека ќе обезбедат највисоко ниво на надзорни услуги и оти навремено и квалитетно ќе бидат завршени работите.

Владата минатата година потпиша меморандум за соработка со „Бехтел и Енка”, а Собранието донесе Закон за утврдување јавен интерес и негово номинирање за стратешки партнер за овој проект.