Ковачевски: За СДСМ е неприфатлива идејата тој што губи на избори повеќе да не се занимава со политика

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вели дека не ја поддржува идејата на Крешник Бектеш од ДУИ, кој денеска изјави дека политичките партии треба да потпишат договор за тие што ќе загубат на овие избори, да не се занимаваат со политика.

Ковачевски вели дека политичарите треба да понудат решенија без разлика на изборниот резултат, а граѓаните да одлучат.

Уф, таа е… сега не знам што точно кажа Крешник Бектеши. Види, јас сум во СДСМ од 1994 година, а од 1994 до сега СДСМ победува на избори, СДСМ има помалку успешни резултати на избори и тоа е за сите членови од тогаш СДСМ. Ова е исто како да се каже, на пр. фудбалскиот клуб губи натпревар, тогаш сите тие фудбалери и тренери, никогаш повеќе да не играат фудбал“.

„Навистина не ја видов изјавата и не можам да ја коментирам детално. Но, политичарите се занимаваат со политика, тие ги даваат своите решенија, граѓаните оценуваат што е во нивен интерес во даден момент“, изјави Ковачевски.