Ковачевски и Шекеринска на средба со Џакомо Филибек

Премиерот Димитар Ковачевски и поранешната потпретседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска, се сретнаа со извршниот генерален секретар на Партијата на Европските Социјалисти, Џакомо Филибек. На средбата присуствуваше и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.
Пред една година Шекеринска во Берлин беше избрана за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС).
На Партијата на европски социјалисти и` припаѓаат 33 социјалдемократски партии во Европа.

„Европската иднина е нашата историска шанса која ни претстои. На оваа тема денеска разговаравме со извршниот генерален секретар на Партијата на Европските Социјалисти, Џакомо Филибек, кој и овој пат ја повтори силната поддршка за нашите идни чекори за исполнување на стратешката цел – членството во ЕУ.
Тоа е и единствениот вистински избор кој ќе ни донесе просперитет, подобар квалитет на живот и стабилен раст и развој“, напиша Ковачевски.