Денес го посетив Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Преку проектот на МОН, инвестираме во модернизирање и осовременување на лабораторијата АМБИКОН. Со ова значително ќе се унапреди работата на лабораторијата и факултетот.
Новата напредна опрема за земање на примероци од аеросоли во амбиентален воздух со најсовремен електронски микроскоп овозможува брза и детална анализа на загадување на воздухот и полесна идентификација на изворите. Со ова, лабораторијата АМБИКОН станува една од најсовремените во регионот.
Оваа инвестиција не е само вложување во опрема, туку е вложување во образованието и науката, во студентите и младите, во подобра иднина на сите нас.