Ковачевски од Саемот за вино во Белград: Ја зајакнуваме регионалната соработка и отвораме нови пазари за развој на државните економии, по патот кон ЕУ
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, се обрати на вториот меѓународен Саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан”, што се одржува во Белград, како дел од иницијативата Отворен Балкан.
„Годинава повторно преку овој саем на вино можеме да потврдиме дека создаваме силни врски што значаат нов стимул на нашите економии”, оцени премиерот Ковачевски.
На Саемот на вино, годинава има над 600 изложувачи од бројни винарии, дестилерии, гастрономски компании.
„Преку иницијативата Отворен Балкан се случува и заедничкото претставување и промоција на македонскиот и балканскиот вински и туристички квалитет. Ги отовараме патиштата на државните компании кон меѓународно винско и гастрономско поднебје”, порача премиерот Ковачевски.
„Со организацијата и учеството на вакви саеми даваме значаен придонес кон процесите на создавање единствен пазар меѓу земјите од Западен Балкан, а со тоа полесна можност за приклучување кон европскиот пазар”, нагласи премиерот.