Ковачевски-Пленковиќ: Северна Македонија и Хрватска се посветени на промовирање и споделување на заедничките вредности
Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, во Минхен, остварија средба со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. На средбата, премиерите разговараа за одличните билатерални односи, како и интензивниот политички дијалог и конструктивна соработка во сите сфери од заеднички интерес, соопшти владината прес-служба.
Двајцата премиери констатираа дека како НАТО сојузници, Северна Македонија и Хрватска се цврсто посветени на промовирање и споделување на заедничките вредности, одговорност кон НАТО и придонес во меѓународните мировни операции. Премиерите споделија заеднички ставови и приоритети во однос на состојбите на регионално и мултилатерално ниво, пред сè за стабилност и напредок на Регионот.
Ковачевски му се заблагодари на Пленковиќ за цврстата и континуирана хрватска поддршка во евроинтегративниот процес на Северна Македонија.