Ковачевски – Сарацин: Огромна поддршка од Германија за европерспективите и очекување дека се препознаваат неповторливите шанси  

– Премиерот Димитар Ковачевски, денеска во Струга во пресрет на официјалното отворање на Преспа форум за дијалог 2023, се сретна со специјалниот претставник на Владата на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

На средбата, информираат од владината прес-служба, е истакната јасната поддршка од Германија, за натамошниот напредок на нашата држава во европските интеграции.

Нагласени се конкретни очекувања дека Северна Македонија ги препознава неповторливите шанси за европските перспективи на македонските граѓани, како и својот придонес во актуелниот геополитички контекст и стабилноста на Европа.