Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на кого денеска во Охрид му посака успешни разговори.
Ковачевски во објава на Фејсбук рече дека му посакува на Вучиќ важни разговори за регионалната стабилност, за зачувување на мирот и за патот кој води кон просперитетна иднина за целиот регион.
„Топло добредојде во Охрид за претседателот на Србија, Александар Вучиќ. На билатералната средба што ја имавме утринава, пред се му посакав успешни разговори, важни за регионалната стабилност, за одржување на мирот и патот кој води кон идна просперитетна, не само за Србија и Косово, но за целиот регион“, напиша Ковачевски на Фејсбук.
Во услови на геополитички превирања на европскиот континент, обезбедувањето стабилна иднина и членството во ЕУ, според македонскиот премиер, е одговорност и придобивка за државите и граѓаните.