– Премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на работната посета на САД се сретна со Олоф Скуг, амбасадор на Европската Унија во Обединетите Нации.
Ковачевски и Скуг разговарале за европската интеграција на Северна Македонија, како и динамиката на проширувањето на ЕУ, која, како што соопшти попладнево владината прес-служба, е во интерес на самата Унија, бидејќи на тој начин земјите од Западен Балкан се фокусирани на реформите и придонесуваат кон европската безбедност и стабилност.
-Премиерот Ковачевски истакна дека сега е вистински момент за забрзување на ЕУ интеграциите и ото Република Северна Македонија останува посветена на исполнување на својата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ, како и на спроведување на реформите во земјата. Скуг ја истакна поддршката во процесите и беше заклучено дека сега е вистинскиот момент да се забрзаат евро-интегративните процеси, особено поради силната поларизација на светот во услови на геополитички превирања и влијанија од трети страни, стои во информацијата од владината прес-служба.