Честитки за 20 годишниот јубилеј на Управата за финансиска полиција, институција која низ годините, како важна алка во системот за борба против организираниот финансиски криминал и корупцијата покажа високо ниво на професионалност, транспарентност и стручност.
Очекувам поголема ефикасност, подобри резултати и нови и поголеми успеси на овој план во иднина. Ова е особено важно во контекст на отворањето на преговорите со ЕУ, што за нашите граѓани значи нова можност за подобар животен стандард, подобри услуги за граѓаните, економски напредок, врвна демократија, и секако подобро владеење на правото, за што сите релевантни институции, вклучително и Управата за финансиска полиција треба и ќе дадат свој придонес.
Работата според европски стандарди носи заеднички успеси по македонскиот европски пат.