– Манчестер сити и Челзи ги договорија условите за трансфер на хрватскиот фудбалски репрезентативец Матео Ковачиќ во редовите на актуелниот англиски и европски првак, јавија денеска британските медиуми.
Сити на Челзи ќе му плати обесштетување од 30 милиони фунти, од кои 25 милиони фунти се фиксен дел, а пет милиони се потенцијални бонуси.
Преостанува Манчестер сити со Ковачиќ да ги договори личните услови за соработката.
Ковачиќ дојде во Челзи од мадридски Реал во 2018 година.