Ковачки: Сопругата на директорот на Агенцијата за разузнавање преку нејзината невладина организација добила грант од 620.000 евра
Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за разузнавање е во центарот на скандал. Додека тој е функционер назначен од Пендаровски, неговата сопруга земала грантови од стотици илјади евра.
Сопругата на Еролд Муслиу преку нејзината невладина организација добила грант од 620.000 евра.
За сопругата на Еролд Муслиу да ги добие парите, Владата морала да склучи меморандум со Конзорциумот на невладини чиј основач е невладината на неговата сопруга. Во спротивно, сопругата на Муслиу не можела преку Конзорциумот на невладини да го добие грантот од 620.000 евра.
Имено, 4 невладини организации со меморандум формирале конзорциум за да аплицираат за грант од странски донатор од областа на безбедноста.
Две невладини организации се под контрола на сопругите на Директорот на АР Еролд Муслиу и на Вице-премиерот во Владата Фатмир Битиќи.
Вака формираниот конзорциум во чиј состав се и двете наведени НВО, добива странски грант од 620.000 евра.
Клучното е што на седница на Влада на која присуствува и вицепремиерот Битиќи, го задолжува националниот координатор за борба со тероризам да склучи меморандум со наведениот конзорциум и тоа токму на полето на безбедноста.
Имено, поради донесената одлука на Влада за склучување на меморандумот, парите од грантот завршиле во невладината организација на сопругите на Директорот на АР и на вицепремиерот.
Ги повикуваме ДКСК и ЈО да го истражат случајот и да ја запознаат јавноста дали службени лица ја злоупотребиле својата позиција и го искористиле своето влијание за донесување на одлука која е во интерес на трета страна, за возврат на материјална или нематеријална корист.
Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ