Ковачевски: Иднината на двете земји е Европската Унија, тоа е патот за подобар живот на граѓаните на Северна Македонија и на Албанија
Чест ми е што денеска сме домаќини на владината делегација, предводена од премиерот Edi Rama.
Разговаравме за повеќе теми, меѓу кои регионалната соработка, евроинтеграциите и соработката во рамки на НАТО.
Како соседи, цврсто сме посветени на промовирање и споделување на заедничките вредности и одговорноста кон регионот за мир, стабилност и просперитет.
Регионалната соработка, преку Берлинскиот процес, Отворен Балкан како и другите регионални иницијативи, како и поддршката од ЕУ и стратешкото партнерство со САД, за сите земји од Западен Балкан носи унапредување на европските стандарди и забрзување на интеграцијата кон членство во ЕУ.
Иднината на двете земји е Европската Унија, тоа е патот за подобар живот на граѓаните на Северна Македонија и на Албанија.