Кога е идеално време за украсување на елката? Велат дека најдобро е тоа да се направи на еден од овие 5 датуми (фото)
Идеалното време за украсување често зависи од семејните традиции, културните обичаи и личните преференци, но наводно многумина ја украсуваат својата елка на 19 декември во чест на Свети Никола или околу католичкиот Божиќ.
Додуша, има и такви кои веќе на почетокот на декември ќе го внесат својот дом во празнична атмосфера, заедно со трговските центри и улиците, но и такви кои тоа го прават на самиот почеток на Новата година. Сепак, според верувањата, овие пет датуми се идеални за украсување на елката, за кои се верува дека привлекуваат љубов и благосостојба во домот.
18 декември – вечер на Свети Никола
Се верува дека украсувањето елка на овој датум привлекува просперитет и финансиска стабилност во домот и животот. Идеално е покрај елката да ставите мал подарок за деца, за кој ќе покажете дека е од Свети Никола. На целата атмосфера ќе и’ даде дополнителен празничен карактер.
22 декември – Ден на зимската краткоденица
Доколку сте уморни од животните проблеми и неволји, идеално би било да ја украсите елката на 22 декември. Оние кои веруваат во езотеризмот велат дека овој датум ќе донесе заштита за вас и вашето семејство во текот на целата година.
24 декември – католички Божиќ
Бидејќи оваа вечер е Бадник според Грегоријанскиот календар, се смета за време на чуда. Се верува дека луѓето кои имаат градина треба да ја украсат елката оваа вечер и на тој начин да привлечат богата жетва за пролет и лето.
25 декември – Католички Божиќ
Четвртата опција е да ја украсите елката на денот на Христовото раѓање според Грегоријанскиот календар, па ќе привлечете здравје, среќа и љубов во вашиот дом.
28 декември – непосредно пред Нова Година
Се верува дека оние луѓе кои ќе ја украсат елката на 28 декември ќе ја заштитат куќата од зло. Добро е на овој ден да се прочита молитва за здравјето на целото семејство.