Еве колку време е потребно за да почувствувате олеснување по ибупрофен и парацетамол
На лекови против болки базирани на ибупрофен или парацетамол им требаат околу 30 минути за да делуваат од моментот кога ќе ги испиете.
За половина час таблетата се распаѓа во желудникот, за активните состојки да стигнат до крвта.
Ако ибупрофен се користи како антиинфламаторен лек, при хронични состојби како артритис, може да очекувате значително олеснување на симптомите по три недели.
Меѓутоа, ако пиете ибупрофен, запомнете дека мора да се зема за време или директно после јадење.
Ако го пиете на празен стомак, може да предизвика иритација на белите дробови, пренесува Телеграфи.
Ако ви треба нешто што ќе делува побрзо, можете да пробате сирупи на база на ибупрофен или парацетамол.
Не чекајте, туку побарајте помош
Ако чувствувате дека болката се зголемува, побарајте лекарска помош. Не дозволувајте болката да ескалира. Колку побрзо започнете со третман, толку полесно ќе ја држите болеста под контрола.