Кога ја сменив верата, оџата не ми дозволуваше да присуствувам на погребот на татко ми: Нада е родена од мајка муслиманка, живееле во камп – приколка (фото)
Промената на верата отсекогаш била под лупа на јавноста, особено кога станува збор за естрадни личности. Многу пејачки во текот на кариерата ја сменија верата, а таа се откажа од исламот.
Нада Топчагиќ потекнува од муслиманско семејство од Модрич.
Пејачката Нада Топчагиќ откри дека нејзината мајка некое време живеела во камп – приколка, но наведува дека така сакала. Пејачката се осврна на настаните за кои и’ замеруваа сограѓаните.
– Тогашниот оџа не ми дозволи да го погребам татко ми како што сакам, туку под нивни обичаи. Тоа тогаш ми беше неприфатливо, а како што слушнав се договориле со каменорез. Татко ми не знам ни каде е погребан, порано се ориентирав по четири сливи, кои денес ги нема. Јас никогаш не го сменив името, кога се родив, во селото имаше само три-четири жени кои се викаа Нада. Моите родители беа муслимани, но не можев да ги сменам родителите па ја сменив верата – изјавила Нада.
Нада Топчагиќ е српска фолк пејачка по потекло од Босна и Херцеговина, позната по песните „Јutro je“ , „Treba mi rame tvoje“, „Zovem tezovem“, „Mihajlo Miki Miki” и други. Родена е на 3 јули 1953 година во Модрич. Таа го има синот Мирослав од бракот со естрадниот менаџер Златко Ѓорѓевиќ.
Својата прва сингл плоча ја снимила на 22-годишна возраст. Оттогаш до 2004 година издаде 18 студиски албуми и десетина синглови и компилации. Нејзините плочи беа продадени во изданија од 50.000 до 100.000 примероци, а таа пееше и на многу познати фестивали. Таа важи за една од најбараните пејачки на фолк музика, пишува сајтот biografija.org.
Веќе по првата плоча беше свесна дека публиката ја сака и дека ќе пее во животот. Покрај гласот, ја краси и харизмата која привлекува внимание каде и да се појави, како и необичниот стајлинг кој отсекогаш ја разликувал од колешките. Нада со децении е во брак со естрадниот менаџер Златко Ѓурѓевиќ, па не им остави многу простор на таблоидите да се занимаваат со нејзиниот љубовен живот.
Нада и Златко го имаат синот Мирослав и две внуци. Пејачката, без разлика што секогаш искрено ги критикува и фали оние кои тоа го заслужуваат, со повеќето колеги е во добри односи. Во текот на кариерата имаше неколку несогласувања со Маринко Роквиќ, а извесен период беше „непосакувана“ на ТВ „Гранд“ чиј водител беше Саша Поповиќ. Нејзина добра пријателка беше Јелена Марјановиќ, која беше убиена во 2016 година, под сè уште неразјаснети околности. Пејачката вели дека е многу темпераментна, а тајната на нејзиниот успешен брак можеби лежи во тоа што нејзиниот сопруг е сосема друга личност.