Кога ќе го пробате овој сладолед, ќе заборавите на сите вкусови до сега! Подготовката е лесна, ќе ги сака целото семејство – и децата и возрасните (фото)

Сладоледот е дефинитивно омиленото уживање на сите во текот на топлите летни денови. Често се случува да посегнеме по ова ледено уживање на маркетите, а сепак постои многу полесен начин да се подготви.

Овие домашни рецепти се лесни, нема да ви треба многу време за подготовка, а вкусот ќе го воодушеви целото семејство – и децата и возрасните.

Сладолед од чоколадо

сладолед

Состојки:

  • 1 литар густ јогурт;
  • 1 чаша шеќер;
  • 500 мл млеко;
  • 300 гр шлаг во прав;
  • 200 гр чоколадо;
  • 2 лажици какао во прав.

Подготовка:

Изматете го шлагот со млеко да добие густина, а јогуртот измешајте го со шеќерот. Соединете ги двете маси во длабок сад. Чоколадото искршете го и стопете го на пареа. Додадете заедно со какаото во прав во смесата од јогурт и шлаг, па сè добро измешајте. Покријте со фолија и ставете го во замрзнувач да замрзне, најмалку 3 часа. Откако ќе го извадите од замрзнувачот, можете да послужите во чинии за сладолед или корнети и по желба посипете ги со сецкани ореви, пишува Стил.

Сладолед од јагоди

Компоненти:

  • 150 мл млеко;
  • кесичка шлаг;
  • 2дл кисело млеко;
  • чаша 2дл шеќер и исто толку јагоди.

Подготовка:

Во повеќенаменски миксер истурете го ладното млеко и шлагот од јагоди и блендирајте околу три минути. Во смесата додајте кисело млеко, шеќер и јагоди. Измешајте сè, истурете го во сад и ставете го во замрзнувач. Откако смесата ќе се замрзне, домашниот сладолед од јагоди е подготвен за послужување.

Ванила сладолед

Сладолед

Состојки:

  • 3 јајца;
  • 1 ванилин шеќер;
  • 5 лажици шеќер;
  • 300 мл слатка павлака;
  • 1 лажичка арома на ванила;
  • прелив по избор (стопено чоколадо, карамела, сезонско овошје)

Подготовка:

Скршете 3 јајца, па одвојте ги жолчките од белките. Додадете 1 ванилин шеќер во садот со жолчките, а потоа изматете ги жолчките на пареа. Откако ќе ги сварите, оставете ги малку да се изладат и потоа ставете ги во фрижидер. За тоа време изматете ги белките со 5 лажици шеќер.

Кога ќе замрзне, соединете ја пената со смесата од жолчки. изматете ги заедно. Во друг сад изматете 300 мл крем за готвење. Додадете малку арома на ванила. Двете смеси добро соединете ги, па истурете ги во сад кој е практичен за замрзнувачот.

Оставете го сладоледот да замрзне, а потоа послужете го во топки со прелив по ваш избор. Можете да стопите малку чоколадо, да направите карамел сос или едноставно да исечкате некое сезонско овошје.