Кога ќе го чуете вистинското име на Том Круз ќе се изненадите: И само кога ќе чуете зошто го променил!
Малкумина знаат дека една од најголемите холивудски ѕвезди на сите времиња, Том Круз, всушност не се вика така. Роден е како Томас Круз Мапотер IV, а одлуката да го промени своето име ја донел рано во својата кариера, кога решил да го остави зад себе тешкото семејно минато и да изгради свој идентитет.
Круз пораснал во сиромашно и строго католичко семејство, со татко кого го опишувал како насилен, манипулативен и емоционално ладен. Неговата мајка се развела од неговиот татко кога Том имал 12 години, и тоа во голема мера го одредило понатамошниот тек на неговиот живот. Промената на името била повеќе од само ребрендирање во Холивуд – тоа била емоционална и психолошка одлука да се дистанцира од семејното наследство кое го оптоварувало.

Емоционалната причина зад името што сите ја знаеме
Во едно од ретките искрени интервјуа, Том рече дека неговиот татко „му дал лажно чувство на сигурност, само за потоа емоционално да го сруши“. Затоа, кога решил да се пресели во Њујорк и да се обиде да глуми, промената на името била првиот чекор во ново поглавје. Се покажало дека оваа одлука била клучна за градење на имиџот на еден од најуспешните актери во историјата на современото кино.
Нова ера: Том Круз и Ана де Армас
Иако долго време е еден од најзатворените холивудски актери кога станува збор за неговиот приватен живот, во последните месеци Том Круз се појавуваше јавно со Ана де Армас, позната кубанско-шпанска актерка. Двојката е видена заедно на неколку места – од интимно патување во Вермонт, преку заеднички состанок во Лондон, па сè до настап на концерт на „Оејзис“.
Иако ниту еден од двајцата сè уште официјално не ја потврдил својата врска, нивното присуство еден до друг остава малку простор за сомнеж. Прошетките, држењето за раце и насмевките што ги разменуваат јасно покажуваат дека меѓу нив постои блискост што оди подалеку од професионалната соработка. Двајцата наскоро треба да глумат заедно во акционен филм, што дополнително го поттикнува јавниот интерес.
Ѕвезда во ново светло
Промената на името, тешкиот однос со неговиот татко и сегашниот однос со Ана де Армас создаваат нова слика за Том Круз – не само како акционен херој и вешт каскадер, туку и како човек кој со децении се бори со сопствениот идентитет, семејните трауми и потребата од емоционална сигурност.
И додека многу обожаватели коментираат дека неговото вистинско име „звучи како кралско семејство“ или „повеќе личи на име од историски роман“, фактот дека Том избрал поинаков пат и поинакво име зборува многу за неговата внатрешна сила. И можеби Ана де Армас е личноста со која, на крајот на краиштата, конечно ќе најде стабилност.