КОГА ЌЕ СЛУШИТЕ ШТО ПРАВИ МЕДОТ ОД ОВА РАСТЕНИЈА, ЌЕ ГО КОРИСТИТЕ ПОСТОЈАНО: Малкумина знаат колку е лековит

Медот од глуварче не е производ на пчели, туку сируп направен од цвеќиња, вода и шеќер. Неговата конзистентност е потенка од повеќето видови вистински мед, но по изглед и боја е слична на пчелниот мед.

Глуварчето е растение кое напролет покрива ливади и тревници. Долго време се сметаше за бескорисен плевел, но денес знаеме дека содржи многу корисни соединенија кои благотворно делуваат на нашиот организам.

Медот од глуварче не е производ на пчели, туку сируп направен од цвеќиња, вода и шеќер. Неговата конзистентност е потенка од повеќето видови вистински мед, но по изглед и боја е слична на пчелниот мед.

Вкусот е изненадувачки сличен на традиционалниот мед и лесно може да се вклучи во вашата исхрана. Тој е одлична замена за медот за веганите или оние кои се алергични на пчелен мед.

Тој е одличен додаток на тост, колачи, палачинки и бисквити и може да се користи на ист начин како медот во чајот и другите пијалоци.

Собирање на глуварче

Глуварче, Глуварче дува

Собирањето глуварчиња е релативно едноставен процес. Цветовите се берат во текот на април и мај на ливади далеку од патот.

Топлото, сончево и суво време е идеално за берење цвеќе. Се препорачува да се користат веднаш по бербата, бидејќи така најдобро ќе се зачуваат нивните лековити својства.

Подготовка

За да го подготвите овој сладок сируп ќе ви требаат цветови од глуварче, вода, шеќер, лимон, тенџере за готвење, дрвена лажица за мешање, цедалка и крпа за цедење.