КОЕ ВРЕМЕ Е НАЈДОБРО ЗА МЕРЕЊЕ НА КРВНИОТ ПРИТИСОК !? Вредностите тогаш се најточни и целосно стабилни, но овие три работи треба да ги избегнувате

Многу луѓе мислат дека времето во кое се мери крвниот притисок не е важно, а тоа е сосема голема грешка.

Хипертензијата, попозната како висок крвен притисок, се нарекува „тивок убиец“. Главните виновници се симптомите кои често знаат да бидат незабележливи. Во светот повеќе од две милијарди луѓе го имаат овој здравствен проблем, а во Македонија секој втор жител боледува од висок крвен притисок. Затоа докторите советуваат редовно да го мерите крвниот притисок, но важно е и времето кога го правите тоа.

Крвниот притисок најдобро се мери наутро пред појадок. Вредностите се најстабилни тогаш, бидејќи е клучно да се биде смирен, опуштен и без стрес при мерењето. Ова е момент кога можете да добиете точни резултати и да избегнете зголемување на притисокот. Многу луѓе не се свесни дека времето на мерење може да влијае на резултатите.

Нашето тело има природни осцилации на притисокот во текот на денот, во зависност од различни фактори како активност, стрес и исхрана. По ноќниот одмор, телото се смирува и закрепнува, а притисокот се враќа во нормала. Се препорачува да го направите мерењето пред да консумирате каква било храна, лек или физичка активност.