ЕСМ: Николоски не ја кажа вистината

АД ЕСМ ги осудува инсинуациите што потпретседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска ги прави во јавното мислење, изнесувајќи, како што велат, делумни и општи информации во јавноста од документ кој е достапен на јавноста.

Од ЕСМ појаснија дека јавната набавка за услугата за набавка на помошни машини за потребите на рударско работење во ПЕ Рудници, РЕК Битола, Булдожер – булдожер со моќност на моторот мин. 380 kW е рамковен договор, така што услугата ќе се користи кога е потребно, во обем и со динамика што ќе биде неопходна за производниот процес во фабриката.

„Во став 4 од член 3 од Договорот за наведената јавна набавка, јасно и недвосмислено е наведено дека обемот и времетраењето на услугите го определува исклучиво договорниот орган – соодветните служби од РЕК Битола, во зависност од неговите потреби.

Согласно член 4, клаузула 1 од Договорот, Набавувачот ќе изврши фактурирање врз основа на добро одржуван градежен дневник и градежна книга/дневник на работно време/количини, потпишани од овластени претставници на двете договорни страни и врз основа на времетраењето на ефективноста ангажман – машинско работење, секојдневно евидентирано со извештаи.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ го потсетуваме дека за прв пат после две децении А.Д. ЕСМ купи механизација за свои потреби токму во последните три години. Со јавната набавка од 2021 година се набавени 36 нови машини за потребите на РЕК Битола за 17,5 милиони евра. Втората јавна набавка на механизација за потребите на АД ЕСМ е извршена во 2022 година, вредна над 10 милиони евра. За следната година се планира уште една набавка на машини кои ќе бидат во сопственост на ЕСМ АД“, се вели во одговорот на ЕСМ.