Експлозија во Загреб: Оштетени три куќи, полицијата трага по сторителот

На приодниот пат на во загребската населба Максимир, непознато лице активирало експлозивна направа и ги оштетило фасадите на три куќи и нивните огради.

Експлозијата се случила во саботата околу два часот на улицата Горњи Буковац, на пристапниот пат кој води до куќите во сопственост на 41-годишен маж, 38-годишна жена и 69-годишна жена. извести загрепската полиција.

Оштетени се фасадите и оградите на куќите на 41-годишната и 38-годишната жена и фасадата на куќата на 69-годишната жена.

Немаше повредени лица. Висината на материјалната штета засега не е утврдена. Кривичната истрага е во тек, заклучува полицијата.