Писториус го назначи Броер за нов началник на вооружените сили на Германија

– Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска го разреши шефот на вооружените сили на земјата, Еберхард Зорн и го замени со актуелниот воен началник за домашни операции, Карстен Броер.

Во соопштението, Министерството за одбрана не ја прецизираше причината за промената, што се случи во време кога Германија се обидува да ја модернизира својата армија, Бундесверот, и да ја модернизира воената опрема.

Поранешниот шеф на вооружените сили, Зорн денеска изјавил дека неговото разрешување е „јасна политичка одлука“ и оти тој „апсолутно нема проблем со тоа“.

Началникот на воениот штаб е одговорен за стратешкото и оперативното планирање и управување со сите мисии на Бундесверот и е главен воен советник на Владата.