Бериша и Мета ја официјализираа изборната коалиција

– Официјализирана е денеска изборната коалиција на албанската опозиција со заеднички листи за локалните избори што ќе се одржат на 14 мај.

Во коалицијата на обединетата опозиција, се крилото на Демократската партија предводено од Сали Бериша, Партијата на слободата на Илир Мета, Партијата за заштита на човековите права (партија на грчкото малцинство) предводена од Вангел Дуле и Демохристијанската партија на Нард Ндока.

Соред договорот меѓу партиите, кандидати за градоначалници пред се ќе бидат демократи на Бериша, а ќе настапат под логото на Партијата на слободата. Во три општини на југот на земјата, населени главно со Грци, кандидатите ќе бидат
од партијата на Дуле.

Што се однесува до општинските совети кандидатските листи ќе бидат заеднички.

-Опозицијата во наредните часови го финализира моќниот каолин што ќе му го зададе последниот удар на Рама и неговиот монизам. Во коалиција останува само со Лул Брава (Љуљзим Баша), рече Бериша.

Најави дека денеска ќе достават барање до Централната изборна коалиција за регистрација на изборната коалиција за учество на изборите.

Според изборниот законик, крајниот рок за пријавување коалиции завршува утре во 24 часот.

Во меѓувреме, се чини дека официјалната ДП, предводена од Енкелед Алибеај, ќе остане надвор од изборите, бидејќи ЦИК вчера одби да ја регистрира оваа партија, бидејќи документите немаа потпис на поранешниот лидер Љуљзим Баша, кој иако поднесе оставка пред една година, се уште во судот
фигурира како претседател на партијата.