Видеото на овој мајмун точно го опишува расположението на сите на крајот од работната недела

Петок е, заврши уште една работна недела (барем за оние среќниците кои не работат викенд смени). Овој месец, откако луѓето се вратија од одмор, веројатно на сите им беше тешко да ја пребродат работната недела.

Видеото од еден мајмун, кој очигледно имал напорен ден, а можеби и една недела или месец, стана хит на Ксу (поранешен Твитер). Мајмунот на видеото, кое има повеќе од два милиони прегледи, лежи неподвижен со отворена уста. И така за половина минута.

Веруваме дека сите би сакале да бидеме на неговата позиција и така да се одмориме.