“НИКОГАШ НЕ ВЕЛИ НИКОГАШ!“ – Ентони Блинкен проговори за можна средба на Владимир Путин и Џо Бајден

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, не ја исклучува можноста претседателот на САД, Џо Бајден и претседателот на Русија, Владимир Путин, повторно да се сретнат во иднина.

Видете, никогаш не вели никогаш, бидејќи на крајот на денот, она што сите го сакаат, почнувајќи од Украинците, е праведен и траен мир. Значи, да видиме дали некогаш ќе дојдеме до точка каде што тоа е можно“, изјави Ентони Блинкен во интервју за американските медиуми.

Тој додаде дека САД веруваат дека Советот за безбедност на ОН има многу проблеми и дека Вашингтон работи на тоа повеќе земји да се приклучат на оваа светска организација.

Советот за безбедност има многу проблеми и ние работиме на нив. Ги водиме напорите навистина да го реформираме Советот, да внесеме во него земји кои подобро ја отсликуваат денешната реалност“, вели американскиот државен секретар.