ВИДЕО | ЉУБОВНА ДРАМА ВО МОСКВА – Камерата ги снимила последните пет минути од животот на убавата банкарка Кристина! Мистеријата продолжува: Како забавата се претворила во голема трагедија !?

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледаат последните пет минути од животот на трагично настраданата руска банкарка Кристина Бајкова (28 г.)!

Москва се уште е во шок откако талентираната потпретседателка на „Loco Bank“ беше пронајдена мртва на тротоарот пред нејзината зграда во Москва. Трагедијата се случила на 23. јуни, но деталите дури сега станаа познати и предизвикаа широк одзив во јавноста.

Полицијата започнала истрага која покажала дека Кристина Бајкова кобната ноќ организирала забава за своето друштво во нејзиниот стан. Меѓу гостите бил и нејзиното момче Андреј (34 г.) со кого наводно почнала да излегува пред само неколку недели. По некое време гостите решиле да одат во еден ноќен клуб, оставајќи ги сами Кристина и Андреј.

Меѓутоа, според локалните медиуми, девојката одеднаш почнала хистерично да плаче, по што наводно му се фрлила пред нозете на Андреј мрморејќи нешто неразбирливо. Потоа таа заминала на балконот каде што стоела држејќи се за работ на ѕидот.

Болната ситуација траела околу 15 минути, при што вознемирениот Андреј се обидувал да ја убеди да се врати во станот.

Дојди бејби! Ветувам дека ќе бидеме добро“, се слуша како вели момчето во позадина на видеото. Младиот човек повторува дека ја сака и и ветува брак и деца. Но подоцна во видеото се случува целосен пресврт на настанот.

Дај ми ја раката“, вели девојката плачејќи и додава дека тој не е достоен за неа и е еден обичен кретен.

Погледнете го вознемирувачкото видео ОВДЕ.

Младиот човек во еден момент влегол во другата соба за да го отвори тамошниот прозорец и да се обиде да ја фати девојката, но додека се приближил слушнал страшен крик и звук на удар…

Кристина Бајкова починала на лице место.

Истрагата утврдила дека земала хормонални лекови, кои можеле да влијаат на нејзината емоционална состојба. Инспекторите во моментов се обидуваат да утврдат од каде ги набавувала лековите.

Под сомнение е и Андреј, кој 15 минути го снимал тоа што се случува, но поради некоја причина не повикал Итна помош. Се поставуваат прашања за неговата улога во оваа трагедија и зошто не направил нешто за да и помогне на Кристина Бајкова.