ВИДЕО | Додека Франција гори, Емануел Макрон си џуска! Снимката од претседателот предизвика нов бес кај народот: “Тој мора веднаш да се врати во државата!“

Претседателот на Франција, Емануел Макрон заминал на концерт еден ден откако убиството на тинејџер предизвика насилни улични протести во цела Франција.

Емануел Макрон е снимен како танцува на прошталниот концерт на британскиот пејач Елтон Џон во Париз за време на втората ноќ на немири по смртта на Начел М. (17 г.), кој беше застрелан и убиен од полицијата.

Франција распореди 40.000 полицајци низ целата земја во четвртокот, бидејќи гневот поради убиството достигна точка на вриење. Емануел Макрон сега се соочува со викенд на хаос додека гневот помеѓу граѓаните се шири по убиството.

The Telegraph пишува дека одењето на концертот на Елтон Џон веројатно само ќе го зголеми притисокот врз Емануел МакронДејвид Фурниш, пријател на познатиот пејач, во четвртокот вечерта објави бекстејџ фотографија од нив двајцата со Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит.

Погледнете ја фотографијата ОВДЕ.

Тиери Маријани, пратеник од партијата на Марин Ле Пен, вели дека Емануел Макрон е целосно неодговорен.

Тешко тебе земјо кога кралот ти е дете. Емануел Макрон, додека Франција гори, претпочита да му аплаудира на Елтон Џон“, вели Тиери Маријани во својот коментар.

Елисејската палата сè уште не објави ништо и нема коментар.

Пет илјади полицајци, да потсетиме, беа испратени во предградијата на Париз откако ноќта меѓу средата и четвртокот кога Емануел Макрон беше на концертот беа повредени околу 170 полицајци и уапсени 180 лица.

На состанокот на кризниот кабинет во четвртокот, Емануел Макрон го нарече насилството како – „неоправдано“, бидејќи многу автомобили беа запалени, а полицијата беше нападната со огнено оружје, додека беа ограбени продавници и запалени државни згради, полициски станици и училишта.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес го напушти самитот на ЕУ во Брисел, а неговата прес-конференција беше откажана, јави француската радио станица LCI.

Емануел Макрон е на итно патување во Париз за да присуствува на состанокот на Владата за немирите во земјата што избувнаа откако полицијата уби 17-годишно момче за сообраќаен застој.